Балкан

Грчката влада го одобри пакетот „реформи за кеш“, на потег е Европа

Грчката влада го одобри пакетот „реформи за кеш“, на потег е Европа
Грчката влада го одобри пакетот „реформи за кеш“, на потег е Европа

Грчката влада одобри пакет мерки што вечерва ќе ги претстави пред меѓународните кредитори со цел постигнување договор, што би значело дека земјата ќе се спаси од банкрот и од излегување од еврозоната.

Британскиот весник Гардијан пишува дека новиот предлог вклучува построги реформи од оние што биле побарани од Атина во петгодишната економска криза.

Ципрас доби жестока лекција во европарламентот
Ципрас доби жестока лекција во европарламентот

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос по состанокот на владата во Атина, изјавил дека Грција наскоро ќе им ги предаде предлог „реформите за кеш“ на кредиторите.

Инаку, на полноќ истекува рокот што претседателот на ЕС Доналд Туск му го даде на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Ако европските партнери бидат задоволни од предлогот на Ципрас, тој би требало да биде прифатен на вонредниот самит на лидерите на ЕУ во недела, а ако не бидат задоволни, на официјална Атина и се заканува излез од еврозната.