среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 26

Грчката Влада предлага нови даночни мерки

Мерките се во вредност од 5,4 милијарди евра и се со цел да се надмине буџетскиот дефицит.

99504361

Последни вести

Во рамките на преговорите за третиот пакет финансиска помош грчката Влада им предложи на кредиторите десет нови даночни мерки и само две мерки за намалување на буџетските расходи, јави ја грчките медиуми.

Медиумите наведуваат дека владините мерки се „даночен ураган“ за домаќинствата и бизнисот.

Од предложените мерки Владата се надева да обезбеди 1,8 милијарди евра, а од реформите во пензискиот систем се предвидуваат уште 1,8 милијарди евра.

Мерките предвидуваат и „замрзнување“ на именувањата во државниот сектор и воведување на различни такси меѓу кои и на игрите на среќа.

Економскиот владин тим предложил и намалување на државните расходи на одбраната за 100 милиони евра наместо предвидените 500 милиони евра.

Најчитани вести