Грчки борбен хеликоптер се урна во море, нема загинати

Хеликоптер на грчката војска се урна во морето кај Солун, на само неколку метри од брегот. Двајцата пилоти за чудо го преживеала падот и итно биле пренесени во болница.
Хеликоптерот на армијата на Грција паднал во морето за време на воената вежба „САРИСА -2016“, големата операција во која учествува и американската војска , вежбата завршува на 23 септември.
Хеликоптерот „Боинг АХ-64 Апач“ во употреба е од 1986 година, инаку грчката војска располага со 28 апачи хеликоптери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.