Грчки државјанин приведен во Грција бидејќи зборувал македонски

Македонец од Преспа, грчки државјанин попладнево бил приведен во Герман, Грција оти зборувал со новинар од Македонија на македонски јазик. Грчки полициски службеник го опоменал грчкиот државјанин од Преспа да не зборува на македонски јазик.

Но, откако разговорот продолжил и тој не ја послушал наредбата на полицаецот, бил приведен во полициската станица во Герман.

Се преземаат мерки за расчистување на инцидентот.