сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 11

Грчки медиуми: Европската Комисија наместо Грција ја поддржа Македонија

Бура од реакции во грчката јавност предизвикуваат се погласните најави од Европската Унија за зајакнување на македонско-грчката граница со цел сопирање на протокот на мигранти што доаѓа од кај јужниот сосед, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

платформа

Поврзани вести

Бура од реакции во грчката јавност предизвикуваат се погласните најави од Европската Унија за зајакнување на македонско-грчката граница со цел сопирање на протокот на мигранти што доаѓа од кај јужниот сосед, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Откако неколку земји членки на Унијата побараа од Европската комисија да ја разгледа можноста за распоредување на силите на Фронтекс на двете страни од границата, нејзиниот претседател Жан Клод Јункер преку писмо ја поздрави ваквата иницијатива. Неговата реакција предизвика гнев меѓу грчкото јавно мислење, а медиумите информираат дека тој застанал во поддршка на Македонија.

Поддршка од Европската комисија за ПЈР Македонија во однос на Грција за прашањето за бегалците беше изразена од страна на претседателот на комисијата Жан Клод Јункер, кој што смета дека бегалците треба да останат во Грција, и покрај тоа што се упатени кон Германија, информира телевизијата “Стар”.

Атина веднаш изрази несогласување со оваа идеа, инсистирајќи дека Фронтекс треба да биде во Грција и дека не постоела легална основа за нивно праќање во земја која што не е дел од ЕУ. Грчкиот министер за миграција Јоанис Музалас порача дека не можеле да разберат каков вид политика е тоа кога некоја земја ја затвора својата граница со Грција.

Белгискиот министер побара од мене да направиме камп за 300 000 мигранти во Атина. Европа е под закана и во страв. Загрижен сум, ситуацијата во нашата земја е тешка во однос на бегалците, изјави Музалас.

И додека Унијата го вперува прстот во Грција, јужниот сосед за проблемот во голема мера ја обвинува Турција. Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос по средбата со израелскиот колега Моше Јаалон, ја обвини Турција за соработка со терористите, повикувајќи ја да стори повеќе за да го спречи приливот на бегалци и мигранти од своја страна.

Вистината е дека најголемиот дел од нафтата што се шверцува од страна на терористите, се прави преку Турција, со што се финансира тероризмот. Би било пожелно Турција да го смени својот став, да престане да соработува со тероризмот и со преземањето на акции што креираат проблеми во регионот, изјави Каменос.

Според Каменос, решението не во тоа Европа и Грција да примат што е можно повеќе бегалци, туку во создавањето на услови за враќање во нивните татковини.

Македонските власти со месеци повикуваат на зголемена соработка со грчките колеги и соодветна регистрација на бегалците и мигрантите. Унијата и даде рок од три месеци на Грција за да ги поправи континуираните недостатоци во заштитата на своите граници.

Најчитани вести