Грчки медиуми: “Голема Албанија” ги загрозува главите на Груевски и Заев

По донесувањето на Законот за јазици, грчките медиуми пренесоа статија за напнатата политичка ситуација во Македонија. Во овој текст е наведено дека се загрозени главите на Никола Груевски и Зоран Заев како од судирите во државата, но и од прашањето за името, пренесува порталот на албански јазик „InfoShqip.com“.

Порталот пишува дека во статија објавена во „voria.gr“ се забележува дека Албанците не се заинтересирани за прашањето за името, бидејќи тврдат дека тие еден ден ќе бидат дел од “Голема Албанија”, а името за нив е привремено. Во текстот се наведува дека се очекува да реагираат словените со силни и расистички тонови против премиерот Заев, бидејќи тој прави многу отстапки во корист на Албанците.

Порталот го пренесува текстот во целост:

“Алчните” Албанци, вчера му се заканија на Груевски со губење на главата ако продолжи да го попречува официјализирањето на албанскиот јазик како втор официјален јазик во Скопје. Но, со оглед на социјалната и политичката ситуација на Балканот, таквата закана не може да биде само еден “кажан збор”, но може да се направи.

Има многу докази и “писма”, врз кои грчката дипломатија не знае игра. Природно, јас велам дека албанскиот фактор има силни причини, за Скопје да го именува дериватот на “Македонија”. Главниот интерес на Албанците во Скопје е пристапот во ЕУ и во НАТО, кој е одложен поради решавање на името. Али Ахмети, лидерот на најголемата албанска партија, со остри тонови рече дека за процесот на разговори меѓу Грција и Скопје воопшто не сака да знае, дури и ако земјата ќе се вика Дизниленд.

Втората причина за напнатите односи меѓу албанците и словените во Скопје е неуспехот на Рамковниот охридски договор од 2001 година за да ги подобри нивните односи. Актуелниот премиер, Зоран Заев, се обидува да се смири со Албанците, но не се знае како ќе реагираат словените на неговите последни потези.

Но, шефот на друга партија на Албанците (ДПА) во Скопје, Мендух Тачи, неодамна рече:
„Владата на Скопје е националистичка и нацистичка” поради политиката која ја следи владата во Скопје против Албанците. Но, најважно, што е од директен интерес за Грција – е продолжение на неговата изјава:
“Мислам дека е последен пат отворено да кажам дека ставот на Албанците е во полза на грчката позиција. Борбата на Груевски и на словените за зачувување на името “Македонија” како продолжение на античко наследство, како и националниот идентитет е антиалбанска и антихеленистичката војна. Национализмот и нацизмот на оваа влада се всушност антихеленистички и антиалбански. ”

Аргументот на Албанците од Скопје во нивниот конфликт со словените е дека Скопје не може да се вика “Македонија”, бидејќи Албанците не се идентификуваат на овој начин. Во реалноста, иако, тие се помалку заинтересирани за името на нивната држава, бидејќи тие него го сметаат за привремено и нивната загриженост е дали да се соединат Тетово со Косово (со кои границите не се дефинирани) или со Албанија.

Сепак, пoстои уште една причина во врска со Охридскиот договор како резултат на објавувањето на учебниците по историја во Скопје кои ја промовираат идеологијата на “македонизмот”, додека Албанците не се повлекуваат од своето барање да бидат признати како ко-основачка единица на државата, и тие категорично ги отфрлаат намерите за градење на еден “македонски идентитет”.
Всушност, еден поранешен албански амбасадор во Скопје, исто така, учествуваше во една дебата каде што наведе дека книгите по историја, “се водат од носталгијата за единство на Југославија, не го прифаќаат мултиетничкиот карактер на државата и ги навредува Албанците”.

Но, графитите против Албанците, кои се испишаа на еден албанскиот културен центар во Скопје, каде што пишуваше: “Добар албанец, тој е мртов албанец”.

Посакувам оние кои се блиски до грчкиот министер Никола Коцијас да се тресат од страв.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.