понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 80

Грчки медиуми: Грција ги призна македонските пасоши

Пратеникот на опозициската Нова демократија Теодоре Караоглу остро го нападна грчкото Министерство за надворешни работи во врска со информацијата дека Министерството со „итна наредба“ побарало од припадниците на Агенцијата за пасошка контрола да ставаат печати во македонските пасоши со што фактички Грција признава официјален документ со името Република Македонија, јави „Вориа“.

грција

Последни вести

Грчкото Министерство за внатрешни работи до соодветните служби испратило документ во кој се вели граѓаните кои на граница ќе приложат македонски пасош да се третираат како сите останати граѓани од трети земји, објави порталот „Њупост.гр“.

Порталот, исто така, објавува и фотографија од контроверзниот документ, со датум од 22 август, нагласувајќи дека граничните служби досега не ставаа печати во пасошите на кои го пишува уставното име на нашата земја, туку на дополнителен лист. Во документот, пак, стои „печати да се ставаат на страниците од пасошот“.

– Така беше до сега затоа што нашата земја не го признава соседот како „Македонија“ туку како „Скопје“ и прашањето за името веќе долго време е деликатно прашање за грчките власти. Полицијата веќе е информирана за промените, пишува порталот додавајќи дека целата ситуација „укажува на промена на ставовите на грчката Влада во однос на прашањето за Скопје“.

Во меѓувреме, пратеникот на опозициската Нова демократија Теодоре Караоглу остро го нападна грчкото Министерство за надворешни работи во врска со информацијата дека Министерството со „итна наредба“ побарало од припадниците на Агенцијата за пасошка контрола да ставаат печати во македонските пасоши со што фактички Грција признава официјален документ со името Република Македонија, јави „Вориа“.

Според него, со овој потег, грчкото Министерство за надворешни работи и пошироко грчката Влада на Сириза-Независни Грци, „прави опасна девалвација на историски ревизионизам, кој ги надминува границите на трпение на сите жители на грчка Македонија, и де факто ПЈРМ ја признава како Република Македонија”.

grcija

Официјално прашање во врска со документите што ги објави „Њупост“, денеска до грчките министри за надворешни и внатрешни работи испратил и потпретседателот на Нова демократија Адонис Георгијадис.

Онлајн изданието на весникот „Нафтемборики“, пак, цитира извор од грчкото МНР кој рекол дека информациите за македонските пасоши се „лажни и неосновани… и претставуваат  злонамерен и неприфатлив обид за поткопување на националната позиција и националните интереси“.

– Политика на Грција за ова прашање е цврста и не се случиле промени во визната практика за патните исправи од ПЈРМ, кои Грција не ги признава, рекол истиот извор, потсетувајќи дека од 2009 година на македонските граѓани не им треба виза при влез или излез од Грција и оти грчките власти ставаат печат на дополнителен лист хартија.

Најчитани вести