Грчки медиуми: Груевски останува нефлексибилен за името, јазикот и нацијата

Провокативен говор што не остава простор за поместување од познатите позиции – вака во грчката јавност се коментира обраќањето на премиерот Никола Груевски на Генералното собрание на ОН, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

За Грците се чини најспорен е делот во кој што премиерот Груевски посочи дека нашите позиции произлегуваат од реалноста, а тоа е дека ние сме Македонци, зборуваме Македонски јазик и живееме во држава со уставно име Република Македонија.

Грчки медиуми: Груевски останува нефлексибилен за името, јазикот и нацијата
Грчки медиуми: Груевски останува нефлексибилен за името, јазикот и нацијата

„Продолжуваат провокациите на Груевски за името“, „Груевски останува нефлексибилен за името на земјата“, „Нова провокација на Груевски – ние сме Македонци и зборуваме Македонски јазик“, се дел од насловите во грчките медиуми.

Опишувајќи ги позициите за прашањето за името, Груевски се чини дека не остави простор за поместување од нив“, пишува државната новинска агенција АНА-МПА.

Грчки медиуми: Груевски останува нефлексибилен за името, јазикот и нацијата
Грчки медиуми: Груевски останува нефлексибилен за името, јазикот и нацијата

Освен медиумите, на позициите на премиерот Груевски во однос на уставното име и идентитетот, реагираше и најголемата опозициска партија Нова Демократија. Одговорниот за надворешна политика на партијата, пратеникот Јоргос Комуцакос, ја повика грчката Влада да реагира на според него, провокативните позиции на непопустивиот македонски премиер.

Непопустливиот Груевски со постапката на Генералното собрание на ОН, ги потврди оние провокативни неисториски позиции што со децении го спречуваат решавањето на прашањето за името. Чекаме Владата да реагира на новите провокации на Груевски, стои во реакцијата на Комуцакос.

Грчки медиуми: Груевски останува нефлексибилен за името, јазикот и нацијата
Грчки медиуми: Груевски останува нефлексибилен за името, јазикот и нацијата

Последните реакции од Атина уште еднаш го реафирмираат фактот дека јужниот сосед освен со нашето уставно име, има проблем и со македонскиот идентитет, односно со името на јазикот и на нацијата.