Грчки медиуми: Победа на Заев би значела крај за рускиот гасовод Турски тек

платформа
Американците се нетрпеливи кон премиерот Никола Груевски, а доколку тој биде заменет од страна на Зоран Заев, тоа ќе значи крај како за рускиот гасовод Турски тек, така и за високо-брзинската железница од Атина до Будимпешта преку Скопје.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, ова се дел од пишувањата во грчкиот печат во пресрет на предвремените парламентарни избори во Македонија.
Онлајн магазинот Вориа пишува дека и покрај постигнатиот договор за одржување на изборите, постојат стравувања за дестабилизирање на состојбата и дека руската страна за ова го обвинува лидерот на опозицијата поддржан од САД.

“Според рускиот аналитичар Андреј Корибко, Западот по секоја цена сака да ја задржи глобалната доминација, наложувајќи им казни на оние кои што не сакаат да се покорат”, пишува Вориа, додавајќи дека според Корибко, пример за ова е обидот за дестабилизација што беше изведен преку терористичкиот напад во Куманово и тоа токму на денот кога во Москва се одржуваше парадата на победата.
“Што ќе се случува засега не се знае. Но, она што се знае е дека замената на Груевски со Заев ќе значи и спречување на Русија во изградбата на високо брзинската железница што ќе ги поврзува Будимпешта, Белград, Скопје и Атина и напуштање на проектот Турски тек “, пишува Вориа.