Грчки медиуми: САД го користат албанскиот иредентизам против рускиот продор во регионот

Грција, Македонија, Србија и Црна Гора се земјите од регионот што се соочени со најекстремното искажување на албанскиот национализам и иредентизам што изминатите години беше воспоставен од страна на албанскиот премиер Еди Рама кој што ужива силна американска поддршка. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, ова го пишува популарниот грчки интернет портал за вести, The TOC.

Господинот Рама за време на својот мандат увиде дека американската поддршка ќе расте, со оглед на тоа што Албанија и албанскиот фактор за некои кругови во САД претставуваат брана против проширувањето на руското присуство на Балканот. Но, оваа поддршка работи кон дестабилизација на регионот, со оглед на тоа што албанскиот експанзионизам е насочен против речиси сите држави од регионот, против Србија, п ј Р Македонија, Црна Гора и секако, против Грција, се вели во текстот на The TOC.

Порталот открива и дека грчките влади изминатите години биле импресионирани од Еди Рама како млад политичар, по што следело и зелено светло од Атина за европскиот курс на Албанија и прифаќање на албански работници во Грција. Некои грчки политички кругови пак, во Рама гледале сојузник против Македонија, надевајќи се дека преку албанскиот елемент во земјата, тој би можел да изврши притисок за името.

Некои во Атина дури веруваа и дека можат да играат на картата дека Еди Рама ќе му нареди на албанскиот фактор да го притисне Скопје да најде решение за прашањето со името, се вели во текстот, додавајќи дека вистинската експанзионистичка агенда на Рама наскоро била откриена.

Порталот констатира дека во случај Грција да ја повлече поддршката за албанската европска интеграција и настапи со вето, ќе следува период на голема тензија меѓу двете земји.

И весникот Парон неодамна констатираше дека најголемата закана за Македонија во моментов е Тирана и албанскиот елемент во земјата, а особено со оглед на тоа што опозицискиот лидер Зоран Заев се стреми кон целосна двојазичност на земјата.

paron1

Во Скопје, проблемот со името е сега мал проблем. Со отворањето на патот за декемвриските избори, се отворија повеќе и нови прашања. Па додека лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев официјално го поддржува проширувањето на учењето на албанскиот јазик и неговата употреба и надвор од заедниците каде што тој веќе се употребува ( онаму каде што населението е најмалку 20 проценти албанско ), владејачката ВМРО- ДПМНЕ изрази целосна спротивставеност, дури и откажувајќи се од опозицијата. Партијата на Груевски ја обвини опозицијата дека промовира, ако не поделба,  тогаш најмалку барем федерализација на Македонија, се вели во текстот на Парон.