сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Грчки медиуми: Сенатори го обвинија амбасадорот Бејли за поддршка на СДСМ, поврзаност со Сорос и мешање во внатрешните работи

Грчките медиуми информираат дека американската амбасада во Скопје ќе се најде под истрага на Сенатот, во прв ред поради поврзаноста со невладините организации на Џорџ Сорос, преку кои средствата на УСАИД се насочувале за поддршка на СДСМ.

1

Последни вести

Обвинувањата на американските сенатори против амбасадорот во Македонија, Џес Бејли поради неговата поддршка за СДСМ и мешањето во внатрешните работи, во медиумите и во граѓанскиот сектор, стигнаа и до грчките медиуми.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, грчките медиуми информираат дека американската амбасада во Скопје ќе се најде под истрага на Сенатот, во прв ред поради поврзаноста со невладините организации на Џорџ Сорос, преку кои средствата на УСАИД се насочувале за поддршка на СДСМ.

Конкретно, шест сенатори, меѓу кои и истакнатиот Кристофер Смит, го обвинија шефот на американската дипломатска мисија во Скопје, Џес Бејли дека отворено ја поддржува левичарската социјал-демократска партија и дополнително, дека го олеснува финансирањето на институции поврзани со партијата, насочувајќи средства од програмите на УСАИД кон пријателски невладини организации, информира грчкото издание на CNN Greece.

Телевизијата информира дека сенаторот Смит најавил формална истрага критикувајќи го амбасадорот, а го објавуваат и писмото на сенаторите испратено до него на 17 јануари годинава, во кое што пишуваат дека имаат кредибилни информации за негова интервенција во однос на партиите, на медиумите и на граѓанското општество.

Одговорот побаран од шесттемина сенатори од страна на Џес Бејли во рок од две недели, никогаш не беше добиен. Американскиот амбасадор помпезно ги игнорира нивните повици дека го поддржува и интервенира во корист на Зоран Заев од СДСМ, за штета на десничарот Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, стои во текстот.

CNN Greece информира за најавата на сенаторот Смит дека за скандалот и официјално ќе го информира новиот шеф на американската дипломатија Рекс Тилерсон, нагласувајќи дека новата американската администрација мора да прегледа се што тимот на Обама правел во последниве осум години, бидејќи докази за вакви слични инциденти имаат и од многу други места.

Разгорува војната меѓу Сорос и Трамп – амбасадата во Скопје под истрага на Сенатот

pro news soros

Во анализа на грчкиот портал PRONEWS, пак, се наведува дека американската амбасада во Скопје ќе биде ставена под истрага на Сенатот, во прв ред поради релациите со невладините организации на Сорос.

Каква работа вршела фондацијата на Џорџ Сорос, Отворено Општество во Скопје? Ова е прашање што многумина во Вашингтон го поставуваат, откако републиканскиот сенатор Кристофер Смит најави истрага за активностите на американската амбасада во Скопје поврзани со активностите на Сорос, пишува PRONEWS.

Во анализата се наведува и дека Сорос контролира повеќе од 60 невладини организации кои што добиваат помош преку програмите на УСАИД и дека на овој начин Сорос ги насочува парите од американската програма УСАИД во партијата СДСМ која што е поранешна комунистичка партија. Грчкиот портал наведува дека многумина во земјата се веќе уморни од 25 годишните активности на Сорос, што доведе до формирање на организацијата Стоп Операција Сорос, додека во Вашингтон пак ќе биде покрената официјална истрага за Амбасадата по одбивањето да одговри на писмото на Сенаторите за своите активности во земјата.

Најчитани вести