понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Грчки медиуми: Во Македонија треба да се очекува хаотична ситуација

Во прилогот се потсетува дека Рама во мошне тензичната ситуација во својата земја зборува за политика на понижување којашто „не ѝ дозволува на Албанија да стане земја на ренесансата“

Edi Rama premijer Albanmije

Поврзани вести

Белградскиот дневен весник Политика и анализира написите и прилозите на грчките медиуми и телевизии, како Канал Стар и АНТ 1, кои предупредуваат дека албанскиот премиер Еди Рама сé повеќе се однесува како турскиот челник, па во неможност да се справи со внатрешната политичка криза шири иредентизам во регинот, претендирајќи кон создавање на ткн Голема Албанија, којашто би опфаќала делови на Грција, половина од Македонија и Косово.

„Грчките медиуми сé повеќе го споредуваат Еди Рама со Ердоган, чијашто тактика сé повеќе ја користи говорејќи за Голема Албанија сé до Превез, во чиј состав ќе влезе Косово и половина од Македонија. Еди Рама им врти грб на Европејците и се заканува дека ќе го присоедини Косово кон Албанија, доколку не се продолжи со процесот на проширување на Европската унија“, констатира во својата информативна емисија грчкиот канал Стар, цитирајќи ја неговата изјава доколку Западен Балкан не влезе во ЕУ, алтернатива би било присоединувањето на Косово кон Албанија.

Во таа прилика била покажана и мапата на Рама на „Голема Албанија“, која опфаќа и грчки територии до Арта на северот од Грција, дел од Македонија и од Косово, со констатација дека во тоа има голем истомисленик во косовскиот претседател Хашим Тачи, којшто, исто така, смета дека со спојувањето би се создала голема држава.

Канал Стар констатира дека ситуацијата во Македонија води кон распаѓање на државата, како и дека Албанија и Бугарија претендираат за делови на нејзината територија, но и дека три илјади Албанци кои би учествувале во вооружен конфликт се веќе во Тетово, како и дека постои сериозна опасност од дестабилизација на земјата и регионот.

Телевизијата се повикува и на податоци на српските тајни разузнавачки служби, и наведува оти на Косово се наоѓаат 80.000 единици илегално оружје и милион рачни бомби. Наредните денови, како што пишува Стар, треба да се очекува хаотична ситуација. Имено, Бугарија ја вооружува паравоената организација на ВМРО, а Албанија паравоената УЧК, прашање на момент е кога ќе дојде до крвопролевање во Македонија, смета оментаторот на телевизијата.

Во ситуација кога ситуацијата во Албанија е хаотична, албанскиот премиер Еди Рама веќе ја следи тактиката на тускиот челник Реџеп Тајип Ердоган и зборува „за делот од татковината кој сé уште не е ослободен“, со што „извезува криза за да освои повеќе гласови“ на претстојните албански парламентарни избори.

Во прилогот се потсетува дека Рама во мошне тензичната ситуација во својата земја зборува за политика на понижување којашто „не ѝ дозволува на Албанија да стане земја на ренесансата“, земја којашто „ја и како ја замислувал Исмаил Џемали и татковците кои се бореле за независноста, држава која ја замислувале херои и оние кои преживеаја половина век диктатура“.

За него патот за решение е, како што пишува Стар, создавање ткн „Голема Албанија“, со дел од Грција, Косово, и половина Македонија. Телевизијата заклучува дека Рама зборува за „татковините кои не се ослободени“ и укажува на опасноста надвор од своите граници, додека ситуацијата во самата Албанија сé повеќе се заострува, додека опозицијата го обвинува за соработка со Чамите, кои бараат половина од Епир, ги поддржува албанските партии во Македонија, што го отежнува формирањето влада во земјата и истовремено зборува за иредентизам во Србија.

„Со тоа, покрај предупредувањата за своите идеи што ги доби од ЕУ и од САД, Рама предизвика и бурна реакција на српскиот пемиер Александар Вучиќ, кој му порача дека нивна работа е, наспроти балканците кои посакуваат промени на границите, како би создале големи држави, непрашувајќи притоа никого, па ни Србија од која сакаат да одземат територија, да ги победиме политички без војна коишто би довеле до сатанска држава“, се наведува во анализата на ТВ Стар.

Според АНТ1, некои аналитичари очекуваат доколку продолжат реакциите на опозицијата која бара оставка и избори во Албанија, Еди Рама можебиуште повеќе да се сврти кон екстремно десните ставови и барања, попрецизно, на тактиката којашто според нив ја применува „султанот во Анкара“.

Најчитани вести