Грчки медиуми за документите на ЦИА: Русија сакала обединета Република Македонија со Солун

Под името Република Македонија, државата да ја и опфаќа и територијата што ги вклучува пристаништата во Солун, Кавала и Александропулос. Ова бил планот промовиран од страна на Советскиот Сојуз по втората светска војна, пренесуваат грчките медиуми, повикувајќи се на документи објавени од ЦИА.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, весникот „Елефтерос Типос” пишува дека за таа цел,  Русија креирала и специјален комитет со цел “поттикнување на бунтови против грчките и југословенски власти”.

“Според документите објавени во јавноста, бил креиран комитет наречен Комитет Слободна Македонија и неговата цел била да поттикне бунтови против владите на Грција и Југославија за да се консолидира реонот со цел формација на Македонска Република. Според овој план, Македонската Република требала да ги земе пристаништата во Солун, Кавала и Александропулис”, пишува “Елефтерос Типос”.

Грчкиот портал „Либерал“ пак пишува дека Русија во периодот по Втората светска војна правела огромни напори за решавање на спорот со Македонија, за разлика од “индиферентната Југославија”.

cia 1

cia

Според документите објавени од ЦИА, Русија се залагала Република Македонија да се протега од Призрен и Приштина до Врање и Ниш на север, на исток до Пирин Планина и на југ од Солун до грчко-албанско-југословенската граница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.