Грчки медиуми за Груевски: Се повлекува „фалсификаторот на историјата“ – за кусо време се враќа како премиер

платформа
Сигурно е дека Никола Груевски ќе биде победник на изборите, но и дека ќе се врати посилен. Ова се речиси едногласните предвидувања во грчката јавност, каде што заминувањето на премиерот Груевски предизвикува големо внимание, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
Грчките медиуми го пренесуваат обраќањето на македонскиот премиер во кое што тој нагласи дека со неговото повлекување, ВМРО-ДПМНЕ ги исполни сите обврски од Договорот и очекува изборите да се одржат во предвидениот рок.
Грчки медиуми за Груевски: Се повлекува „фалсификаторот на историјата“ – за кусо време се враќа како премиер
Грчки медиуми за Груевски: Се повлекува „фалсификаторот на историјата“ – за кусо време се враќа како премиер
Никола Груевски, кој што е на власт во земјата од 2006 та, бара изборите да се одржат во април и сигурно е дека тој ќе биде победникот, а тоа ќе му овозможи надграден и во најбрзо време, да се врати на премиерската функција”, се вели во извештајот на државната новинска агенција АНА-МПА.
Во текстот пренесен од речиси сите весници и портали во Грција, се вели дека опозицискиот лидер Зоран Заев пак, се сомневал дека изборите во април ќе биле демократски и сметал дека сеуште не постоеле услови за одржување на фер избори.
Објавувајќи анализа за заминувањето на македонскиот премиер, порталот “Hellas Force” пак, пишува дека тоа доаѓа како последица на Договорот од Пржино, постигнат под присток на западниот фактор, САД и ЕУ.
Во телевизиско обраќање во живо, Никола Груевски, десничарскиот тоталитарен лидер чија демагогија и фалсификување на историјата трае последниве 10 години откако е на власт, го објави своето заминување, се вели во текстот.
Авторот на анализата со нескриено задоволство констатира дека заминувањето на Груевски претставувало позитивен момент.
Оставката на личноста која што се обиде да го наметне античкиот Македонски идентитет во словенската нација, преку богат социјален инженеринг и помпезна архитектура и декорација, е олеснување за оние кои што ја препознаа опасноста од оваа политичка патека и можноста да ја дестабилизира земјата и регионот, се вели во текстот на “Hellas Force”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.