четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Грчки медиуми за Македонија: Терористи и тајни служби од цел свет се мобилизирани за спречување на Турски тек

Последниот развој на настаните во Македонија претставува една ненормална и опасна ситуација, со дејствија на Албанците насочени кон обидот за создавање голема Албанија, спонзориран од Британски МИ6 и НАТО, пишува Пентапостагма.

download

Последни вести

Косовари, команданти, џихадисти и тајни служби од целиот свет се мобилизирани да го блокираат гасоводот Турски тек чија конструкција почнува летово, информира грчкиот портал Пентапостагма.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, дел од грчките медиуми пишуваат дека актуелните случувања во Македонија се последица на обидите на западните центри на моќ  за спречување на рускиот гасовод и кинеската железница предвидени за регионот.

„Многу дебела геостратешка и енергетска игра се случува во п ј Р Македонија предводена од Западот, преку ракувањето со албанскиот национализам насочено кон спречување рускиот гасовод преку земјата да влезе во ЕУ”, пишува Пентапостагма.

Порталот додава дека последниот развој на настаните во Македонија претставува една ненормална и опасна ситуација, со дејствија на Албанците насочени кон обидот за создавање голема Албанија, спонзориран од Британски МИ6 и НАТО. Целта е целосна контрола на западен Балкан, елиминација на рускиот фактор и спречување на преминот на гасоводот.

Под насловот “Американска интервенција во корист на Албанците – националистите се борат”, грчкиот весник Реал пишува дека иако заменикот државен секретар на САД од старата администрација, Хојт Ји  го призна изборот на Талат Џафери за претседател на Парламентот, ова нема да биде прифатено од како што се вели, националистите во Скопје, кои што покажаа дека се подготвени да влезат и во Парламентот.

„Од друга страна, Албанската национална армија позната како УЧК, прати порака за војна до Скопје. Албанските парамилитаристи ветија дека ќе ги “ослободат” областите од пј Р Македонија каде што живат Албанци, заканувајќи му се на Балканот со ново крвопролевање. Атина со особен интерес ја следи состојбата во соседната земја, бидејќи ако дојде до бура, речиси е невозможно Грција да не биде погодена”, се вели во анализата на Реал.

Весникот додава и дека поради состојбата реагираше и Москва, која што ги повика странските актери да го прекинат притисокот, овозможувајќи и на земјата сама да решава за својата иднина.

Тиражниот грчки весник Димократиа пишува дека  хаосот во Македонија во голема мера е и дело на меѓународниот шпекулант и дестабилизатор Џорџ Сорос и неговата озлогласена фондација Отворено општество.

 Климата создадена од Сорос ги вовлече и меѓународните играчи, ЕУ и НАТО, кои што сега поддржуваат “политичка промена”, иако ВМРО на Груевски победи на декемвриските избори, се вели во текстот.

“Како Сорос ја финансира опозицијата во Скопје” е насловот на анализата на грчкото онлајн издание Триклоподиа, кое што меѓудругото информира за тужбата против Стејт Департментот и УСАИД поднесена од Judical Watch, поради финансирањето на политичките активности на соросовото отворено општество во насока на уривање на конзервативната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Judicial Watch сака да знае зошто овие организации кои што се дел од Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос, добиле околу 5 милиони долари од УСАИД од 2012 та до 2016 та година”, стои во текстот.

Најчитани вести