Грчки медиуми за техничкиот МВР Спасовски: Како е можно да немал информации дека огромна група се движи кон границата?

Кој и со каква цел го организираше инцидентот на македонско-грчката граница? Како е можно техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да немал информации дека огромна група се движи кон наша територија и зошто грчки полициски извори тврдат дека мигрантите и бегалците што влегоа во Македонија, тајно се враќаат во Грција?

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, овие дилеми деновиве го окупираат грчкото јавно мислење, кое што освен идентификација на т.н. „волонтери“ што ја водеа групата кон нелегалниот премин, бара и одговори и за тоа кој се бил вмешан и од македонска страна.

Наспроти  т.н. „волонтери“ и „хуманитарци“ од Сехово ( Идомени ), за кои што е извесно дека делеле флаери со насоки и порака „Германија е отворена за вас“, потпишани од поранешниот германски минисетр за труд, во грчката јавност сомнеж се фрла и врз работата на техничкиот министер за внатрешни работи на Македонија од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски.

Под текстот „Опасни игри на Скопје“, весникот Катимерини посочува контрадикторности во извештаите на МВР за начинот на кој што мигрантите влегле и излегле од земјата.

Во Скопје се објавуваат контрадикторни работи за тоа што се случило со оние кои што успеале да ја минат границата. Министерството за внатрешни работи на земјата објави дека 1,500 лица биле пренасочени во Грција, без да прецизира каде и како, а особено без да одговори на логичното прашање за тоа како никој од легалните гранични премини и воопшто, од граничниот надзор, не дознал за целокупното присуство и движење на толку многу луѓе, се вели во текстот.

ФОТО: Дневник
ФОТО: Дневник

Повикувајќи се на грчки полициски извори, Катимерини открива и дека групи бегалци и мигранти што нелегално минаа на македонска територија, потоа преку шуми биле тајно пренасочени и вратени во Грција.

Пишувањето на Катимерини фрла нова сенка врз информациите што деновиве се пласираа и во македонската јавност, а според кои што предизвикувањто на инцидентот на македонска територија бил однапред планиран настан, оркестриран од двете страни на границата и намерно огранизиран на ден пред соросово-опозицискиот протест пред Уставниот суд.