Грчки нафтен магнат се самоуби

Киријакос Мамидакис (84), претседателот на Управниот одбор на речиси банкротираната нафтена компанија „Мамидоил-Џетоил“, вчера, во својот дом на островот Крит, си го одзеде животот, јавија грчки медиуми.

Компанијата, која поседуваше околу 600 бензински станици во Грција и на целиот Балкан, на 9 минатиот месец прогласи стечај и банкрот. Во извештајот се наведува дека при крајот на минатата година долгот на фирмата изнесувал 314 милиони долари, а резервните заштеди биле 600.000 евра.

Мамидакис, покрај тоа, се занимавал и со бродски транспорт, производство на вино, маслиново масло и со хотелиерство.

Иако грчката полиција се уште го истражува немилиот настан, соопштено е дека нема индиции за евентуално убиство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.