Грчкиот Парламент ќе ја признае Палестина

Грчкиот парламент донесе историска одлука да ја признае Палестина на 22-ри декември, пренесува „Грик Рипортер“.

Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас веќе ја потпишал одлуката според која Палестина ќе биде официјалното име на државата Палестина. Во соработка со спикерот на грчкиот парламент Никос Вуцис, нацрт резолуцијата е подготвена.

Признавањето на Државата Палестина ќе се одвива на ниво на Грчкиот Парламент, а не од страна на Грција како држава со цел да не се нарушат односите со Израел, според грчкото министерство за надворешни работи.

Признавањето на Палестина е „дел од повеќедимензионалната надворешна политика“ што грчката влада одлучила да ја следи.

На 21-ви декември палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе престојува во Атина во дводневна официјална посета. Абас треба да се сретне со премиерот Ципрас, претседатлот Павлопулос, како и со лидерите на опозициските партии, а ќе го посети и грчкиот парламент.