Грчки реакции за интервјуто на Груевски: Арогантен националист што не прифаќа „пристоен” компромис

Грчки реакции за интервјуто на Груевски: Арогантен националист што не прифаќа „пристоен
Грчки реакции за интервјуто на Груевски: Арогантен националист што не прифаќа „пристоен" компромис

 

Првото интервју на лидерот на владеачката партија Никола Груевски дадено за грчки медиум, очекувано предизвикува реакции кај јужниот сосед, јавува дописникот на Нетпрес од Атина. Дел од грчките медиуми го нагласуваат тоа што Груевски зборувал за македонската држава, нација и јазик, ставајќи ги под наводници. Други пак го обвинија и дека провоцирал, како и тоа дека со ваквите ставови ја затворил секоја можна врата за “пристоен” компромис, со оглед на тоа дека тој повторно ќе биде премиер на земјата.

Груевски повторно провоцира: Македонија е и ќе продолжи да постои”, е насловот во текстот на весникот „То Хони”, посветен на интервјуто на Груевски за То Вима.

Решение на прашањето со името побара премиерот на Скопје, истовремено продолжувајќи со провокациите, зборувајќи за „Македонска нација“ и „држава Македонија“, стои во текстот.

Порталот „Либерал” под насловот „Груевски ќе ни дозволел да го користиме терминот Македонија!“ пишува дека со пораката за неприфаќање решение што го загрозува македонскиот идентитет и јазик, како и тоа дека Република Македонија е реалност, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги затворил сите шанси за компромис.

Во демонстрација на арогантен национализам, премиерот на Скопје Никола Груевски ја затвори секоја врата за пристоен компромис за прашањето за името, со оглед на тоа што неколку месеци пред изборите во БЈРМ, прати порака дека нема да прифати ништо што ќе го загрози „Македонскиот” идентитет и јазик и ја повика Атина да ја прифати „реалноста” на постоењето на „Република Македонија”, во замена за нивното право и тие да го користат истиот термин Македонија, се вели во текстот на „Либерал”.

За грчкото јавно мислење и натаму нема дилема дека победник на предвремените парламентарни избори ќе биде владеачката партија, па оттука е и незадоволството во однос на натамошниот тек на разговорите со името.

„Поранешниот премиер на Скопје и најверојатно победник на изборите изјави дека било каква промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија е неприфатлива, нагласи и дека секое решение ќе треба да помине на референдум и можеби за прв пат толку јасно кажа дека времената Спогодба од 1995 та никогаш не беше побарана од страна на народот и дека Македонија бара да се отфрли тоа привремено име ФИРОМ…Но, најзапрепастувачко е тоа што националистичкиот лидер на Скопје рече дека дури и размислува нивната страна да потврди дека не бара ексклузивитет во употребата на името Македонија…”, стои во текстот.

liberal gruevski

 

 Реакциите по интервјуто на Шеќеринска за грчки медиум – дијаметрално спротивни

За разлика од интервјуто на лидерот на владеачката партија Груевски кое што предизвикува негативни критики во Грција, кога тоа го прават неговите политички опоненти, реакцијата е дијаметрално спротивна.

Последното интервју што потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска го даде за грчкиот дописник на порталот Еуроактив, своевремено наиде на големо задоволство на грчките медиуми и дипломати. Во интервјуто Шеќеринска ја обвини македонската страна дека не сака решение и дека Груевски проблемот го користи за да создава внатрешни непријатели како и тоа дека наводно не ги спроведувал неопходните реформи за членство во ЕУ.