понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Грчкиот амбасадор во Македонија со демарш поради случувањата во Идомени

ambasador

Последни вести

Шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, амбасадорот Теохарис Лалакос упатил два демаршa до македонските власти во врска со „неприфатливите епизоди што се случија во Идомени“, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

– Амбасадорот Лалакос јасно стави до знаење на најкатегоричен начин дека употребата на насилство со ништо не придонесува за решавање на проблемот со бегалците и е во директен судир со соодветните одредби на меѓународното и хуманитарното право, се вели во соопштението.

Тој, според грчкото МНР,  ги повикал властите во Македонија „да одговорат соодветно на условите и да покажат соодветна одговорност, воздржаност и сериозност“.

Најчитани вести