Грчкиот договор со кредиторите треба да биде одобрен од неколку парламенти

Доколку Грција и нејзините европски партнери постигнат спогодба в недела за трет спасувачки пакет за Атина, работите со тоа нема да завршат, бидејќи најмалку осум парламенти на земји од еврозоната треба да ја одобрат, а Бундестагот треба да ја одобри дури два пати, јави МИА, повикувајќи се на БТА.

Во повеќето случаи одлуката на пратениците нема да биде оспорувана и доколку во одредената земја има незадоволството кај јавноста. Сепак во некои држави како во Словачка и Летонија работите можат да се искомлицираат. Отпорот може да се зајакне доколу спогобата се однесува на грчкиот долг.

Грчката влада го одобри пакетот „реформи за кеш“, на потег е Европа
Грчката влада го одобри пакетот „реформи за кеш“, на потег е Европа

Во Холандија пратениците сами ќе одлучат дали да гласаат или не. Во Ирска Владата не е должна да побара одобрение од Парламентот, но може да одлучи да го побара со цел да ја оправда својата одлука.

Одобрение од Парламентот не е потребно во Белгија, Луксембург, Кипар, Литванија, Италија, Шпанија и Потугалија.