понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Грчкиот државен врв изрази сочувство за нападот во Анкара

ФОТО: ЕПА

ФОТО: ЕПА

Последни вести

Грчкиот премиер Алексис Ципрас доцна синоќа телефонски разговарал со неговиот турски колега Ахмет Давутоглу на кого му изразил сочувство и поддршката на владата и грчкиот народ за турскиот народ по терористичкиот напад во Анкара, јави дописникот на МИА.

Генералниот секретар на грчкото претседателство, амбасадоро Јоргос Гениматес, во име на претседателот Прокопис Павлопулос, доцна синоќа го контакритал турскиот амбасадор во Грција и го замолил, во име на грчкиот народ, на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да му ја пренесе недвосмислената осуда на терористичкиот напад во Анкара, и изрази најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до турскиот народ.

Во центарот на Анкара вчера беше извршен терористички напад со автомобил бомба врз армиски автобуси, во кој загинаа најмалку 28 лица и над 60 се повредени.

Најчитани вести