понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 59

Грчкиот Парламент усвои закон за враќање на бегалците во Турција

begalcii

Последни вести

Грчкиот Парламент денеска усвои закон неопходен за примена на Договорот меѓу ЕУ и Турција за враќање на бегалци и мигранти во Турција од грчки острови, што стапува на сила в понеделник.

Законот го поддржаа 169 од 300 пратеници, пренесува МИА.

Депортацијата ќе почне од островот Лезбос, а први ќе бидат вратени во Турција мигранти од Авганистан, Пакистан и други држави, чии барања за азил се сметаат за неприфатливи.

За да се примени договорот од 20 март меѓу Брисел и Анкара, потребно е Грција и Турција да изменат свои закони.

Најчитани вести