Грчкиот претседател се сретна со Путин

Вашата посета на Грција е во клучен момент, не само за нашиот регион, туку и за цела Европа, изјави денеска грчкиот претседател Прокопис Павлопулос посакувајќи му добредојде на шефот на Руската Федерација, Владимир Путин во претседателската палата во Атина.

– Оваа Ваша посета е кулминација на искрената, безвременска соработка и пријателство меѓу нациите и нашите народи, истакна Павлопулос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Путин, од своја страна, и се заблагодари на грчката Влада за поканата и истакна дека Грција е земја со која Русија има длабоки, долготрајни и традиционални односи.

Според него, време е двете држави да се движат кон конкретни чекори за да се искористат можностите кои постојат за зајакнување на билатералните односи.