Грчкиот претседател тврди: Македонија била и ќе остане грчка

Грчкиот претседател тврди: Македонија била и ќе остане грчка
Иредентизам и кршење на Времената спогодба се двете главни одбележја на ставовите на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, според кого, Македонија била и ќе остане само грчка. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, во рамките на посетата на реонот на Лариса, токму на местото каде што се наоѓаше границата пред Балканските војни, Павлопулос зборуваше за наводниот “грчки дух” на Македонија, нарекувајќи ја “лулка на културата на Грците”.
Македонија, како лулка на културата и храброста на Грците, беше, е и ќе остане грчка. Фалсификаторите на историјата, кои што се осудуваат да ја негираат грчкоста на Македонија, ќе бидат исмеани поради некохерентните тврдења. Оние пак, во меѓународната заедница кои што индиферентно го набљудуваат ова или пак го симпатизираат, се директни или индиректни соучесници во силувањето на историјата, порача Павлопулос.

Вџашеност поради ваквите ставови на грчкиот претседател изразуваат од европската слободна алијанса од Брисел, чиј член е и партијата на Македонците во Грција „Виножито”.

Вакви изливи на иредентизам и нетолеранција не само што не се прифатливи и целосно недостојни за државник од европската унија во 21 ви от век, туку истовремено се во спротивност со основниот здрав разум. Сите знаат дека постои голем број на етнички Македоци што живеат во грчкиот дел на Македонија и дека исто така, постои и независна земја наречена Република Македонија на северната граница на Грција”, стои во реакцијата.

Тврдењето дека Македонија е една и грчка е во спротивност со Времената спогодба од 95 та, која што забранува монополизирање на терминот Македонија. Сепак, поголемиот дел од јавното мислење во Грција оди во оваа насока, со оглед на тоа што тезата дека Македонија била една и грчка е поддржана од најголем дел од паралементарните политички партии, како владеачката Неависни Грци и опозициските Златна Зора и Нова Демократија, од чии редови е и Павлопулос. Токму од оваа теза понатаму произлегува и позицијата на овие партии дека решението на спорот со нашата земја треба да биде име кое што не смее да го содржи терминот Македонија.

grcija

Ваквите позиции истовремено го манифестираат и грчкиот иредентизам кон Македонија. Прогласувајќи ја за грчка, Грците недвосмислено имлицираат на одредени права врз нашата територија. А и не така одамна, поранешниот грчки министер за спорт изрази жалење што неговите предци не успеале да ја ослободат и Гевгелија.
 
Изјавата на Павлопулос доаѓа непосредно по говорот на македонскиот премиер Никола Груевски во Обединетите Нации, кој што предизвика бура од негативни коментари во Грција.  Пораката на македонскиот премиер дека ние сме Македонци, зборуваме Македонски јазик и живееме во држава со уставно име Република Македонија, во Грција се коментраше како пример за нефлексибилноста на Груевски во однос на овие прашања и сигнал дека нема да остави никаков простор за пометување од овие позиции. Ваквите реакции од грчките политичари и медиуми беа само уште еден показател дека освен со нашето уставно име, јужниот сосед има проблем и со нашиот идентитет, односно името на јазикот и на нацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.