Грчкиот суд привремено го замрзна одобрувањето азил за турскиот пилот

Претседателката на Апелационен суд во Атина, го прифати во понеделникот барањето на грчката влада и привремено ја замрзна одлуката за доделување азил за еден од осумтемина турски војници кои пребегаа во Грција вечерта на 16-ти јули 2о16 година по неуспешниот обид за воен преврат во Турција.

Конечната одлука ќе биде донесена на 15-ти февруари, до кога наместо да биден пуштен на слобода по добиениот азил, копилотот од турскиот хеликоптер, е уапсен и повторно ќе биде однесен во полициската станица во Олимпиското село во близина на Атина, каде што се наоѓаат и другите седум турски офицери.

Како причини за ваквата одлука на судот за замрзнување на доделениот азил, како што објавија локалните медиуми, се наведуваат јавниот интерес и интересот на самиот војник.

На 29-ти декември, Независната второстепена комисија за азил во Атина, одобри азил за еден од турските војници, а неколку часа подоцна грчката влада соопшти дека поднеле барање за поништување на одлуката на Комисијата.

Врховниот суд во Атина, на 26-ти јануари минатата година, одлучи осумтемина турски војници да не бидат екстрадирани во Турција, а сите поднесоа барање за азил.