Грчкиот Врховен суд го отфрли барањето за екстрадиција на турските војници

Врховниот суд на Грција денеска го отфрли барањето за екстрадиција на осуммина турски офицери, кои во јули побегнаа од земјата после неуспешниот воен преврат во Турција.

Пресудата е донесена согласно аргументите на обвинителите, кои минатата недела тврдеја дека офицерите нема да имаат праведно судење во Турција.

Оссумината војници слетаа со хеликоптер во Грција на 16 јули, барајќи политички азил, со образложение дека стравуваат за своите животи во Турција.

Официјална Анкара побара од Атина да ги испорача, наведувајќи дека тие се вмешани во неуспешниот обид за преврат и ги оквалификува како предавници.

Сите осум војници одрекуваат дека се вмешани во обидот да се симне од власт претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.