ВИДЕО: Грчките банки работат, ама не даваат повеќе од 60 евра

Грчките банки од денес повторно работат, откако веќе три недели беа затворени, но и понатаму ќе важат лимитите за подигнување пари и ќе биде спроведена контрола на капиталот.

Со уредба на Владата утврдено е лимитот за подигнување пари во една недела да биде 420 евра, а дневниот лимит и понатаму ќе биде 60 евра.

Тринеделниот прекин во работата на банките може да ја чини државата дури три милијарди евра, не сметајќи ги неостварените приходи од туризмот.

Грција денеска треба да ги претстави и првите предлози за модернизација на администрацијата додека во сила влегува и зголемениот ДДВ (од 13 на 23 отсто), што беше еден од условите од кредиторите пред да почнат преговорите за новиот план за економски спас.