Грчките дополнителни пензии ќе се оданочуваат до 40 отсто

Грција во иднина ќе ги оданочува дополнителните пензии, а очекувањата се „кастрењата“ да изнесуваат до 40 отсто. Оваа најнова мерка ќе зафати 200.000 пензионери во земјата, информира весникот „Имерисија“.

Одлуката ја донело грчкото Министерство за финансии и е објавена во Службен весник.

Оданочувањето на дополнителните пензии ќе почне да се пресметува од јуни.

Грчките власти уште предвидуваат наново утврдување на големината на главните и допоплнителните пензии и тоа врз основа на пониските ставки на осигурување. Објавената одлука налага главната и дополнителната пензија да не надминуваат 1.300 евра.

Грција ги намали пензиите, воведе нови даноци и во последните неколку години на неколку пати ги зголемуваше постојните даноци, пред се, за да ги исполни условите на меѓународните кредитори.

Пред извесно време  грчкиот Парламент го одобри зголемувањето на даноците, вклучувајќи и на серија прехранбени производи, напитоци, патувања, цигари, телефонски и телевизиски услуги.