Грчките хотелиери го кријат приходот

хотелиери

Новиот тип на контроли кои Генералниот секретаријат за првпат ги примени, открија огромни разлики меѓу приходите кои ги пријавиле хотелите и бизнисите за изнајмување соби, и оние кои ги пресметале инспекторите преку индиректни начини.

Според податоците, регистрирани се отстапувања од проценетите приходи во вредност од четири милиони евра. Во некои случаи хотелите пријавиле нула приходи или неколку десетици евра, а проценетиот реален износ бил 180.000 евра.

Генералниот секретар за јавни приходи, Јоргос Питсилис изјави дека иснпекции биле извршени во 2.123 сместувачки единици, вклучувајќи 1.548 хотели и 578 бизниси за изнајмување соби.