Грчките кошаркари се нови европски шампиони до 20 години

Репрезентацијата на Грција го освои шампионскиот трофеј на Европското првенство за кошаркари до 20 години.

Грците ја искористија предноста домашниот терен, бидејќи беа домаѓини на младинското првенство, а во финалниот меч одигран во Хераклион тие ја совладаа селекцијата на Израел со 65:56 по четвртини 9-16, 17-7, 22-18 и 17-15.

Во дуелот за бронзениот медал младите Французи со 72-58 ја победија селекцијата на Шпанија која лани беше европски првак, додека шампионот од 2015 година Србија заврши како петто пласирана селекција на годинашното првенство.

„А дивизијата“ ја напуштаат Словенија, Чешка и Летонија кои завршија на последните три позиции, додека нивните места догодина ќе ги заземат Хрватска, Романија и Велика Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.