Грчките кредитори со нов предлог за пензиите

Грчките кредитори со нов предлог за пензиите
Грчките кредитори со нов предлог за пензиите

Кредиторите на Грција и порачале на грчката Владата дека намалувањето на постоечките пензии од над 1.500 евра, може да доведе до завршување на првиот преглед на финансиската помош, дознава „Катимерини“.

За време на посетата на шефовите на мисиите на кредиторите на Атина на почетокот од месецов, но, и во колумна на директорот за Европа на Меѓународниот монетарен фонд, Пол Томсен минатата недела, на Атина јасно и било ставено до знаење дека нема да може да се избегне намалува на основните пензии.

Предлозите на Владата за пензиите се базираат на зголемување за 1,5 проценти на придонесите за социјално осигурување за да се постигне целта од 1,8 милијарди евра во заштеди, како што е договорено со доверителите. Таа исто така, предложи намалување од пет до 30 отсто на пензиите за оние кои ќе се пензионираат од почетокот на оваа година.

Сепак, добро упатени извори велат дека контра-предлогот на кредиторите е Владата да ги намали постоечките основни пензии над 1.500 евра. Се смета дека ако грчката Влада се согласи на ова, нема да биде потребно да се преземат какви било други фискални мерки оваа година.

Грчката Влада вети дека нема да ги намали основните пензии, но беше подготвена да разгледа помал пораст во придонесите за социјално осигурување и разликата да ја надомести со корекции на т.н. „помошни“ пензии и основните пензии над 2.300 евра месечно. Експертите велат дека предлогот кој кредиторите сега го ставиле на маса бара многу повеќе од владејачката коалиција.

Во Владата постои загриженост дека договорот за завршување на првиот преглед на програмата за спас, нема да наиде на одобрување од сите пратеници на владејачката коалиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.