Грчките лекари стапија во 24-часовен штрајк

Грчките лекари во започнаа во четвртокот 24-часовен штрајк во знак на протест против новиот закон, според којшто им се зголемуваат број на работни часови.

Со новиот закон се предвидува бројот на максимални работни часови да се зголеми од 48 на 60 часа неделно. Синдикатот оцени дека наместо да се бара дополнителна работа од лекарите, да се вработат уште медицинари.

Лекарите, исто така, протестираат и за намалувањето на нивните бонуси, согласно економските мерки побарани од меѓународните кредитори.

За време на штрајкот, државните болници ќе примаат само итни случаи.

Поради финансиската криза, воведен е мораториум за нови вработувања во здравството, па во многу болници работат повозрасни лекари и медицински сестри.