Грчките медиуми и опозицијата скептични и по гестот на Заев

Грчките медиуми и опозицјата во четвртокот изразуваат неверување во однос на реакцијата што ден претходно во швајцарски Давос ја најави македонскиот премиер Зоран Заев на средбата со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, дека прифаќа промена на скопскиот меѓународен аеродром и на главниот автопат како отстапка кон Атина во спорот за името, оценува агенцијата AFP.

Македонскиот премиер Зоран Заев во средата на маргините од Светскиот економски форум во Давос по долгиот состанок со грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Македонија се согласува да го промени името на скопскиот аеродром и автопатат кои сега се нарекуваат „Александар Велики“. Автопатот кој води кон Грција ќе биде преименуван во „Автопат на пријателството“, изјави Заев, што алудира на поранешното име од периодот на СФРЈ „Братство-единство“.

„Тој гест идна влада во Скопје едноставно може да го поништи“, изјавил Јоргос Кумозуцакос, функционер на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија, кого го цитира AFP.

Поздравувајќи ја најавата за промената на имињата, челникот на проевропската центристичка партија То Потами, Ставрос Теодоракис, оценил, исто така, дека треба да се пристапи кон слични промени и во Уставот на Репблика Македонија.

Провладиниот дневени весник Ethnos пишува во четвртокот дека „двајцата лидери се подготвени да го пресечат Гордиевиот јазол“, повторно алудијарајќи на Александар Македонски Велики, меѓутоа дневниот весник Ta Nea го обвинува Ципрас дека „се’ дал а во замена ништо не добил“. Либералниот дневен весник Kathimerini, пак, ја забележува „добрата волја, но и длабоките разлики“, бидејќи Заев признал дека промената на македонскиот Устав е многу сложена.

Владата на Ципрас изразуваше изминатиот период подготвеност да прифати во името да е содржи терминот „Македонија“, како понудите „Нова…“, „Северна…“, „Горна Македонија“ итн, но меѓу 90.000 луѓе според последните податоци на полицијата или 400.000 луѓе според ораганизаторите во неделата протестираа против таквата можност во Солун. На тоа се спротиставуваат и грчките националисти, неонацисти, опозицијата, како и моќната и влијателна Грчка православна црква.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.