Грчките медиуми против ВМРО-ДПМНЕ: Партијата користела “говор на омраза” додека “демократската јавност” во Македонија била загрижена

платформа

Во меѓувреме, лидерството на ВМРО-ДПМНЕ што им се обраќаше на демонстрантите, користеше говор на омраза без преседан, што предизвика голема загриженост меѓу претставниците на меѓународната заедница. Амбасадорите на САД и ЕУ во Скопје веднаш се сретнаа со Груевски и побараа од него да преземе одговорност и да не дозволи состојбата да излезе од контрола. Груевски, пак, реагираше цврсто и им кажа на претставниците на САД и на ЕУ дека не може да го гарантира ова, се вели во извештајот на грчката државна телевизија ЕРТ.

Во продолжението на текстот, ЕРТ тврди и дека поголемиот дел од “демократскиот народ” во земјата бил загрижен од реториката на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи.

Длабока загриженост, не само меѓу претставниците на меѓународната заедница во ФИРОМ, туку и меѓу поголемиот дел од демократскиот народ во земјата, предизвика реториката користена од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на оваа партија, кои што во изминатите три денови протестираа пред седиштето на Државната Изборна Комисија, се вели во извештајот.

За грчката државна телевизија, се чини спорно било и споменувањето на според нив “контроверзниот” Андон Лазов Ќосето, од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и останатите членови и поддржувачи. Во извештајот се тврди дека споменувањето на Ќосето од страна на лидерот Груевски предизвикало силни реакции, не само кај опозицијата, туку и кај “поголемиот дел од целокупното јавно мислење во ФИРОМ”.

Контроверзната личност Ќосето се појави во вестите во ФИРОМ и во 2014 година и предизвика интензивни конфронтации, кога Владата на Никола Груевски подигна негова статуа пред судската зграда во Скопје, каде што се појавува како држи нож, се вели во текстот.

Етнос: Груевски продолжува со ароганцијата

И весникот Етнос, слично како и ЕРТ, известува со нескриена нетрпеливост кон ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, тврдејќи дека лидерот на партијата и по изборите, продолжувал да се однесува со истата “режимска ароганција”.

За тоа како Никола Груевски ги замислува демократските процеси и институции, може да се види од поранешниот министер за надворешни работи Антони Милошоски. Тој тајно се искачи на Олимп за да биде фотографиран со знамето со сонцето од Вергина ( Кутлеш ), пишува Етнос.

Американски агенти им диктираат на Албанците: пад на Груевски, федерализација и двојазичност

Во колумна на весникот Катимерини пак, се вели дека според многумина во Македонија, лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе постапи согласно диктатот на меѓународните, а во прв ред, американски агенти, кои што тврдат дека Груевски е виновник за политичката криза во земјата.

Целта на Албанците не е (само) да го “изедат” националистот Груевски. Нивна фиксна цел е и да промовираат етничка агенда на реформи што ќе послужи со цел федерализација на земјата и нема да дозволат оваа можност да пропадне кога ќе преговараат за поддршка и учество во новата влада. Ќе прифати ли Груевски етаблирање на албанскиот јазик како втор официјален јазик во државата или други барања кои што ќе го потценат “Македонскиот карактер” на земјата, со цел коалиција со Ахмети ?, пишува Катимерини.

Сепак, весникот како сигурен го констатира фактот дека лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев нема да успее да формира влада доколку не ги исполни горенаведените барања на Албанците.