Грчките медиуми за посетата на Коѕиас

платформа
Посетата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас на Македонија се наоѓа во фокусот на грчките медиуми, јавува дописнкот на Нетпрес од Атина. Речиси сите информираат дека двете држави разговарале за единаесет мерки за градење доверба, пренесувајќи ја при тоа изјавата на Коѕиас дека довербата може да помести граници.
 
Весникот “Катимерини” пишува дека поважно од мерките за доверба била самата посета на Коѕиас на Скопје и средбите кои што минале во многу позитивна атмосфера.
 
Освен темата на разговор, за грчките медиуми релевантен е и начинот на кој што Коѕиас пристигна во Македонија. Весникот “Етнос” информира дека грчкиот министер во Скопје пристигнал со автомобил од Солун, со оглед на фактот што грчките авиони не слетувале на скопскиот аеродром откако бил преименуван во “Александар Велики”.
 
“Во разговорите во Министерството за надворешни работи, Коѕиас и Попоски без да ги кријат проблемите, се обидоа да испратат порака за соработка и одлучност за решавање на отворените прашања”, пишува „Етнос“.