Грчките власти почнаа со евакуација на бегалскиот камп во Идомени

Во кампот според некои проценки со месеци живеат околу 8.400 лица.

Операцијата почна рано изутринава, а на новинарите не им е дозволен пристап до регионот.

Владини и полициски претставници изјавија дека бегалците и миграните во Идомени ќе бидат постепено префрлени во нови организирани кампови.

За операцијата во Идомени се испратени околу 20 единици од полициските сили за борба против немири со вкупна бројка од околу 400 полицајци.

Евакуацијата засега тече бавно и мирно, изјави Јоргос Кирицис, портпарол Службата за координација на мигрантската криза, јави БТА.

– Нема потреба од примена на сила, нагласи портпаролот, според кого евакуацијата ќе трае најмалку десет дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.