недела, 19 февруари 2017  |  Вести денес: 0

Грчките земјоделци денеска ќе влезат со трактори во центарот на Солун

Истовремено продолжуват блокадите на главните патни правци во земјата, при што на некои места се симболични, а на други се одржуваат во одредени интервали.

133547917

Последни вести

Грчките земјоделци, кои протестираат против даночните и пензиските реформи на Владата денеска ќе влезат со трактори во центарот на Солун.

Акцијата предвидува организирање протестен митинг по повод денешното отворање на изложбата „Зоотехника“.

Истовремено продолжуват блокадите на главните патни правци во земјата, при што на некои места се симболични, а на други се одржуваат во одредени интервали.

Земјоделска техника и зајакнато полициско присуство има кај пунктот Промхон-Кулата на границата со Бугарија, каде сообраќајот во моментов се одвива нормално. Границата со Македонија на преминот Евзони е затворена.

Земјоделците изјавуваат дека в недела ќе одлучат дали ќе ги продолжат протестите.

Најчитани вести