Грчките земјоделци ја прекинаа блокадата на Атина

Грчките земјоделци ја прекинаа блокадата на Атина
Грчките земјоделци ја прекинаа блокадата на Атина
Грчките земјоделци, кои неколку недели протестираат против владините планови за реформи во даночниот и пензискиот систем, синоќа ги прекинаа блокадите на Атина, но се заканија дека повторно ќе дојдат во главниот град доколку Владата „не го слушне нивниот глас“.

По дводенвната блокада на Атина со трактори, лидерот на земјоделците Вангелис Бутас најави продолжување на протестите од утре, со блокирање на патиштата и гранините премини. Според Бутас, утре земјоделците ќе постават блокади на 68 локации ширум Грција.

Покрај откажување на Владата од плановите за зголемување на даноците и за промени во пензискиот систем, земјоделците барат и намалување на нивните производни трошоци, како и да бидат ослободени од плаќањето данок на дизел горивото и од ДДВ-то за земјоделските машини и да плаќаат пониска цека за струјата.

Паралелно се блокадите на земјоделците, вчера во Атина се одржа и протест на комунистичкиот синдикат ПАМЕ на кој учествуваа околу 12.000 лица, кои по маршот низ атинските улици одржаа митинг на полштадот „Синтагма“ пред зградата на грчкиот Парламент.