Грчките земјоделци ќе ги зајакнат протестите кон крајот од јануари

Земјоделците во Грција одлучија да ги засилат своите протести кон крајот на јануари, неисклучувајќи ја можноста повторно да ги блокираат националните патишта во земјата, соопшти нивниот штрајкувачки комитет кој викендов одржа состанок во Лариса.

На состанокот присуствувале претставници на тринаесет федерации и десетици здруженија на земјоделци од цела Грција.

Фармерите бараат да бидат оданочувани само реалните приходи, ослободениот минимум да изнесува 12.000 евра, да се укине осигурувањето и да се намали старосната граница за пензионирање на 60 години за мажите и 55 години за жените.

Земјоделските производители, исто така, сакаат загарантирани цени за нивното производство, укинување на единствениот данок на имот и создавање на државен фонд кој сто проценти ќе ги надоместува штетите предизвикани од природните катастрофи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.