Грчките земјоделци не исклучуваат и подолга блокада на Дојрани

блокада
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Единствено сигурно е е дека царината на Дојрани денеска ќе биде блокирана два часа. Не може да се исклучи можноста да го блокираме преминот и на неопределено време. Тоа ќе зависи од резултатот од генералното собрание и од она што ќе одлучи народот, изјави член на Комитетот за координација на блокадите во централна и северна Грција Томас Карипидис за државната новинска агенција АНА-МПА.