Грчките земјоделци почнаа да ги пропуштаат македонските транпортери преку „Евзони“

земјоделци

Според извори на телевизијата од грчка страна се уште се заглавени 6 цистерни со нафта или нафтени деривати и еден камион натоварен со алкохол. Овие транспортери границата мораат да ја поминат токму од граничниот премин „Евзони“ бидејќи станува збор за акцизна стока.

Патничките возила и сите останати транспортери се пренасочуваат кон граничниот премин во Дојран.

Ова е осми ден како грчките земјоделци протестираат на граничниот премин „Евзони“ поради најавените реформи во пензискиот систем.