„Греен БСН Македонија“ со мисија за еколошко освестување

Веќе трета година, македонската компанија „Греен БСН Македонија“, се обидува да влијае на еколошкото освестување кај граѓаните и подигање на свеста и одговорноста за зачувување на животната средина, преку својата понуда на еколошки, биоразградливи производи за чистење и за лична хигиена.

И, секако, со широката палета на еколошки производи, оваа компанија става акцент на потребата од подобрување на квалитетот на животот кај граѓаните и грижата за подобро здравје.

Токму поради својата мисија за формирање на своевидна еколошка култура, која ни малку не е лесна и едноставна задача, особено кога се има предвид дека во општественото однесување се’ уште преовладува принципот на утилитарен однос кон природата, Град Скопје, годинава ја прогласи „Греен БСН Македонија“ за најеколошка компанија, која успешно применув ISO 14001 и придонесува кон зачувување на животната средина.

Екстракти од билки, коишто не предизвикуваат алергија

Производите на „Green“ се на база на екстракт од лековити билки (босилок, невен, камилица, лаванда, ѓумбир, антарион, липа) од планиниите во Србија, кои важат за еолошки заштитени подрачја. Производите се биоразградливи, не предизвикуваат алергија, не ја загадуваат природата, а 95 % од производот се разложува во рок од три дена.

Борче Чекичевски, генерален застапник на „Green“ во Македонија, вели дека потребно е луѓето да ја сфатат  штетноста од користењето на хемикалии, а проблематично  е тоа што и најмалите, децата во градинките, секојдневно се изложуваат на токсични материи преку користење на не еколошки средства за лична хигиена, но и времето го поминуваат во простории исчистени со тосични хемиски средства. За жал, поради критериумите во јавните набавки за средства за чисење и за лична хигиена во градинките,  тендерите ги добиваат компании кои ќе понудат најниска цена, при што, во ваков случај се занемарува здравјето на децата, што всушност би требало да биде најважно.

Сепак,  производите за чистење на „Греен“, кое се на база на билки и без штетни хемикалииии, се концентрати, па се доста економични бидејќи се разредуваат.

Веќе се познати штетните реакции од токсичните хемикалии кои се користат  во домаќинството и во средствата за лична хигиена.

Последните дваесет години, научниците укажуваат дека испарувањето на токсичните материи директно влегува во крвта преку кожата и има одложено таложење.  Во домаќинствата се чити со хемикалии кои го загрозуваат човековото здравје. Нашата компанија освен што нуди еколошки производи на македонскиот  пазар, има мисија да ја подигне свеста на луѓето. Правиме и презентации преу кои се обидуваме да укажеме колку всушност се шетни овие хемискисредства за човековото здравје и за животната околина, вели Чекичевски.

За тоа колку македонсите граѓани размислуваат еколошки при купување на ваквите производи, Чекичевски со став дека работите одат бавно, но сепак се менуваат на подобро.

Кај нас нема регулативно тело кое ќе врши контрола и ќе истакнува на пример поединечно за некој производ, колку токсични материи содржи. Но, за тоа дури и Европа не обрнува доволно внимание. Сепак сега се отоворија поголеми дебати  и свесноста на луѓето се зголемува. На крајот на краиштат, луѓето треба самите да се заштитат. За жал, штетноста на некои производи се осознаваат кога ќе се соочите со некоја болест. Ова доаѓа до израз особено кај луѓето што чистат професионално. Поради агресивните и штетни хемиски средства што ги користат за чистење, голем дел од нив имаат проблеми со дишење, егземи, опаѓање на коса,  намалување на видот…, истакнува Чекичевски.

Во желбата да го подобри квалитет на сопствениот живот, човекот себично ги користи  природни ресурси, што резултира со уривање на рамнотежата во природата и создавање на низа проблеми кои, парадоксално, пак, го загрозуваат квалитетот на животот за кој толку се бори.

Ова е дел од палетата на производи на „Green“, компанија која работи на принципот на мрежен мркетинг,а постои и можност нарачаните продукти да се доставуваат и на домшна адреса низ цела територија на Македонија.

Универзален концентрат (500 мл)кој  содржи екстракт од разновидни билки. Се користи за флеки,  мебел, подлоги, плочи, стакло, порцелан, пластика, автомобили ..

Паста за домаќинство (550г) содржи екстракт од босилок и зелени јаболки, и благотворно дејствува на кожата. Не содржи песок, туку микрокредити и не остава траги ниту на најфините површини. Истовремено чисти, дезинфицира и освежува.

Сапунот за раце и тело и многу други производи, како концентрат за стакло со босилок, кој слободно може да се става и на кожа како заштита од комарци, детергент за перење, омекнувач, шампони за сите видови на коса, регенератори, врвна козметика за лице…

Сите подетални информации заинтересираните можат да ги добијат на веб- страницата www.greenbsn.com, и на Фејсбук  https://www.facebook.com/greenbsnmacedonia/