ГРЕКО: И во Германија има корупција

И покрај тоа што во споредба со останатите земји членки на ЕУ Германија има помало ниво на корупција и оваа земја е предмет на анализа на соодветните европски институции кои што се занимаваат со ова прашање, јавува МИА.

Експертот на Групата земји против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа Мајкл Јансен во интервју за Дојче Веле открива дека во Германија најголем проблем се лоби групите кои што имаат премногу големо влијание во процесот на носење на закони.
Јенсен вели дека земјата е меѓу првите кои што се борат против корупцијата но дека има и слаби точки. Главно се работи за мала транспарентност и контрола на финансиите на политичките партии како и недостатоци во законите со кои што се санкционира корпуцијата. Затоа ГРЕКО препорачува  промена на законите со кои ќе се намали можноста за поткуп на парламентарците.
Во законите постои детална регулација за начинот на кои финансиски работат политичките партии но  се занемарува детално објавување на изборното финансирање, вели Јансен според кого  Германија треба согласно меѓународните стандарди да воведе  објавување на изјави за изборните сметки за време на кампања како и подобрување на транспарентноста на директните донации на членовите на парламентот и изборните кандидати.
Во ЕУ нема прецизни стандарди за обележување на нефер притисок од страна на лоби групите при процесот на носење закони, вели експертот на ГРЕКО кој додава дека е проблематично кога луѓе кои што претставуваат одредени интереси можат да извршат еднострано влијание на законите при нивно подготвување во владата и усвојување во парламентот без тоа да биде објавено пред сите заинтересирани.
Во врска со начинот на кој Германија реагира на критиките од ГРЕКО Јансен одговара дека и покрај тоа што Германија е многу совесна членка на СоЕ и требало долго време да ги прифати сугестиите по што се подготвува предлог закон со кој што треба да поаже дека сериозно ги разбира меѓународните стандарди.
Експерти од 47 земји членки на Советот на Европа редовно објавуваат извештаи за состојбата со корупцијата во одделни земји. Тие ги советуваат владите за антикорупциски мерки то треба да бидат преземени и вршат мониторинг дали земјите членки ги почитуваат препораките. Иако Германија според сита параметри е една од земјите со најмала корупција во Европа ГРЕКО дава препораки и на Германската влада.
фото: spiegel.de