Грешка на такси компанија го спаси Брисел од поголема катастрофа

Терористите кои вчера извршија бомбашки напади во Брисел кон аеродромот се упатиле со такси возило.

Тие побарале од такси компанијата да ги земе комбе, но бидејќи диспечерот не разбрал точно по нив дошол „седан“.

Како што пренесува белгискиот портал „Dhnet“, терористите поради оваа грешка морале да земат со себе само дел од експлозивот и другиот материјал планирани за нападот.

Тоа го потврдува и рацијата која полицијата ја спроведе синоќа во градот Шарбек. Пронајдена е и четврта бомба која била мошне моќна и со голем степен на ризик внимателно била демонтирана. Доколку таа бомба била активирана на аеродромот Завентем можела да го разнесе целиот блок.

Полицијата соопшти дека бомбата е направена во „домашна работилница“.