Грешки кои паровите ги прават после секс

Грешки кои паровите ги прават после секс
Грешки кои паровите ги прават после секс

Замислете ситуација: вашиот партнер и вие опиени од страст, го доживувате најдобриот секс досега, а веднаш по чинот, тој се врти на другата страна, ја става раката под перница и додека да трепнете го слушате како ‘рчи…

Секако, тоа не нејдобрата слика која можете да ја замислите. Ако во реалноста се најдете во оваа или слична ситуација, бидете сигурни дека не сте единствени, а што е најлошо, тоа е само една од страшните грешки кои паровите ги прават по сексуалниот чин.

Иако сте вложиле напори во задоволување на партнерот, една оваква грешка може да го уништи целиот труд.

Ова се фаталните грешки кои паровите најчесто ги прават по интимниот однос, а кој за брзо ќе го фрли во сенка доживеаното страсно искуство и се ќе расипе.

par-u-krevetu-1403190084-39268

Туширање по секс

Заедничкото туширање и бавната масажа може да биде одличен вовед и предигра, но туширањето по сексот секако не е добар избор, бидејќи на партнерот ќе му порачате дека сакате што е можно побрзо да ги отстраните сите негови траги од себе. Ќе се согласите ли дека ова не е најромантичната одлука?

seks-1379276094-14102

Телефонирање

Ако конечно успеавте да го „довлечкате во кревет“ момчето или девојката кое ја посакувате веќе подолго време, сигурно ќе сакате и да им се пофалите на другарите/другарките по сексот. Разбирливо, но треба да почекате до следниот ден. Телефонирањето, праќањето на меилови и пораки по секс се навистина лош потег. Уживајте во близината на својот партнер уште некое време пред заедно да потонете во сон. Кога ќе се разбудите ќе имате време за се останато, што и не е така итно.

Читање на книги или решавање на деловни обврски

Имате обврски, тоа е во ред, но имаат и сите останати луѓе. Ако веднаш по сексот земате книга во раце или се „фрлите“ на решавање на деловни проблеми, нема да пратите добра порака до вашиот партнер. На овој начин ќе изгледа дека сексот за вас бил само уште една обврска или пауза за да се опуштите. Замислете си само како партнерот ќе се чувствува поради тоа.

par-u-krevetu-1411931810-48806

Спиење во различни кревети

Ако спиете одвоено, немојте веднаш по сексот да трчате во другата соба или на другиот кревет. На тој начин ќе ја убиете целата романтика и поврзаност која сте ја чувствувале до пред некој миг. Останете припиени еден до друг бар на уште некое време.

Барате храна

Сексот може да го измори човекот и можно е тој да почувствува глад. Но, веднаш да се извлечете од кревет и да се „закопате“ пред фрижидер во потрага по храна навистина би можело да биде многу одбивно. Стрпете се малку, во текот на предиграта оставете во близина малку овошје кое можете да го искористите за време на самиот сексуален чин ако сте гладни. Јагоди, ананас и слично нема да го открие вашиот апетит ако се послужите со фантазијата. Хранењето на партнерот во текот на предиграта може да биде многу еротично.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.