Грешна дијагноза одзеде млад живот – Ќе сноси ли одговорност Таравари?

Министерот за здравство Арбен Таравари треба да сноси одговорност за комплетниот хаос во здравството кој од ден на ден носи се повеќе човечки животи – ова се реакциите на граѓаните кои бурно и жестоко одговараат на секоја нова информација за згаснат живот од банални причини, односно од болести кои можеле да се лечат уште пред 100 години, а камо ли денес.

Но, на моменти се чини дека здравството наеднаш се врати 100 и повеќе години наназад, па така луѓе умираат од заболувања кои се излечливи без премногу потешкотии. Таков беше и случајот со луѓето заболени од мистериозната треска во гостиварско, а таква е и последната голема трагедија кога девојче поради грешна дијагноза и непрепознаено воспалување на слепото црево починува неколку часа откако била пратена дома со дијагноза „стомачен вирус“, пишува „Курир“.

Ова го пишува корисник на социјалните мрежи кој праќа и апел до сите на Фејсбук да го споделуваат статусот за случајот за кој јавно досега не се знае ништо, со што се отвара сомнеж дека се обидува да се заташка.

Здравството е далеку од цветање откако го презеде Таравари, точно спротивно – нема реформи, нови вработувања и 100.000 денари плата за специјалистите, но затоа има многу интервјуа во кои Таравари раскажува колку добар министер е и колку му била напорна работата.

Во меѓувреме се случува комплетна партизација по клиниките, се бркаат докажани и светски признати професионалци, за да се постават партиски војници, луѓе кои Таравари не ги ни знае, туку ги потпишува бидејќи така ги договориле Заев и Села. Непроверени кадри, бизнис партнери и финансиери на СДСМ, луѓе без соодветно искуство или со конфликт на интереси, се поставуваат на големо на раководните позиции во здравството.

Наместо да се води грижа да има лекови за болните од рак за што реагираат граѓаните, и за тоа да не умираат луѓе од слепо црево, Таравари се грижи само за партизација на здравството. Вработените кажуваат дека прво што сториле неспособните кадри на Таравари е што ги преадаптирале собите со тоалети кои досега беа за пациентите, а отсега ќе им служат на докторите. Наместо да води сметка за реалната состојба во здравството, Таравари на Фејсбук ќе се објаснува и расправа дека здравсвото цути, иако млади луѓе умираат од погрешна дијагноза на слепо црево, пишува „Курир“.

Од министерството за здравство соопштија дека ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ниту регистриран ваков случај или пациент.

Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството,  со цел средба со претставници од МЗ и ДСЗИ, велат од министерството.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.