Магазин

Грицкањето сончоглед е здрава навика

Грицкањето сончоглед е здрава навика

Грицкањето сончоглед не е само зараза навика за пред телевизор, според медицинските лица јадењето сончоглед е здраво и полезно за организмот.

Слаткото и крцкаво семе од сончоглед е и одличен извор на калории, есенцијални масни киселини, витамини и минерали.

Овој богат извор на хранливи материи ретко го гледаме како храна која може да не’ засити, и токму поради таквиот третман често знаеме да претераме со ова вкусно семе без да сфатиме дека всушност сме го прејале нашето тело со калории и други материи.

Сепак, во нормални количини сончогледовото семе е многу добро за нашето здравје. Еве неколку причини поради кои е добро да се јаде сончоглед:

 Здрави коски

Семките на сончогледот се полни со магнезиум, кој е најдобра гаранција дека вашите коски ќе бидат здрави. Сончогледот ги спречува и грчевите и болките во мускулите, а богат е и со бакар кој обезбедува флексибилност на коските и зглобовите. Со редовно консумирање на овие семки може да се спречи појава на артритис.

 Метаболизам

Сончогледот е богат со витамин Б, кој обезбедува обнова на оштетените ќелии и и создава нови. Исто така тој го забрзува и метаболизмот, па доколку имате проблемс ос толицата редовно грицкајте сончоглед.

 Кожа

Семките на сончогледот се богати со витамин Е, важен витамин за здравјето и убавината на кожата. Со негова помош може да се спречи стареењето на кожата.

 Холестерол

Сончогледот е богат со масти, но токму тие масти успешно го разградуваат холестеролот.

 За побрзо варење на храната

Семките се богати со диетални влакна кои го забрзуваат процесот на варење на храната. Доколку почувствувате тегоби од ваков тип, земете еден грс сонгоглед и стапете ви акција.