Гриезман демантира дека веќе се договорил со ПСЖ

Стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Реал од Сосиедад, Антоине Гриезман, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека на стартот од летниот преоден рок ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ.

„Сакам веднаш да ја демантирам оваа информација. Прочитав и слушнав дека некои медиуми веќе ме продале на ПСЖ. Тоа не е точно, не сум преговарал со раководните лица на ПСЖ, не сум потпишал никаков пред-договор со францускиот клуб. Сакам да ставам крај на оваа шпекулација. Јас не сум добил никаква официјална понуда од ПСЖ”, изјави 23-годишниот крилен напаѓач.