Спорт

Гриезман ќе биде петел кој вреди 25 мил. фунти

Гриезман ќе биде петел кој вреди 25 мил. фунти

Проблемите кои ги има со напаѓачката линија, новиот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Маурицио Покетино, ќе се обиде да ги реши со ангажирање на францускиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Реал од Сосиедад, Антоине Гриезман.

Првиот напаѓач на популарните “петли”, шпанскиот интернационалец, Роберто Солдадо не ги исполни големите очекувања и веќе неколку месеци игра во очајна форма, додека интернационалецот од Того, Емануел Адебајор има сериозни здравствени проблеми и ќе мора да пропушти стартот на новата клупска сезона.
Новиот менаџер на Тотенхем е убеден дека услугите на Гриезман можат да бидат осигурани со официјална понуда не помала од 25 мил. фунти, но францускиот интернационалец веќе подолг временски период важи за голема желба и на челниците на Монако и на тие на Челзи.